Достапни линкови

Уште двајца бугарски пратеници со коронавирус


Даниела Дариткова

Уште двајца бугарски парламентарци имаат позитивен тест на КОВИД-19, болест предизвикана од коронавирусот. Станува збор за претседателката на парламентарната група на владејачката централно-десничарска партија ГЕРБ, Даниела Дариткова и друга членка на оваа партија, Даниела Малешкова. Позитивните тестови беа пријавени еден ден откако на сите бугарски законодавци им беше речено да бидат тестирани. До ова дојде откако Хасан Адемов, член на централно-десничарското движење за права и слободи, беше позитивен на тестот за КОВИД-19.

Бугарија ја укина наредбата за носење маски

И покрај трите случаи, националното собрание со 240 члена е предвидено да се состане денеска за да разговара за нацрт-ребалансот надржавниот буџет, предложен од владата. Во Бугарија досега има потврдено 457 заразени лица и 10 смртни случаи. Бугарија е во вонредна состојба од 13 март што треба да трае до 13 април. Сепак, владата предложи продолжување на вонредната состојба до 13 мај.

XS
SM
MD
LG