Достапни линкови

Франција бара од ЕУ фонд за солидарност за справување со кризата


илустрација

Франција не може да прифати европски одговор на кризата со коронавирусот, кој не вклучува мерки за долгорочно заздравување како на пример заеднички фонд за солидарност на ЕУ каков што предлага Париз, соопшти француската влада. Лидерите на ЕУ им наложија на своите министри за финансии да изготват планови за омекнување на економската криза од појава на коронавирусот, откако во минатиот месец не успеаја да ги надминат поделбите околу тоа дали одговорот треба да биде финансиран со заедничко задолжување.

ЕУ планира 100 милијарди евра за "курцарбајт"

Министрите за финансии во еврозоната, денеска треба да разговараат најверојатно за неколку брзи опции за поддршка на економијата, меѓу другото, и користење на финансискиот фонд на Европскиот механизам за стабилност.

XS
SM
MD
LG