Достапни линкови

Шведската влада бара пошироки овластувања во борбата против коронавирусот


Во Шведска не е спроведена мерка за изолација на населението

Шведската влада, критикувана за досегшното справување со здравствената криза со коронавирусот, предложи да се донесе закон за привремено проширување на нејзините овластувања за борба против пандемијата. Тоа пак, предизвика критики од опозицијата. Новиот закон ќе и овозможи на владата предводена од социјалдемократот Штефан Левен да преземе мерки како што е ограничување на јавните собири или затворање на деловните активности без одобрение од парламентот.

Шведска со непроменето секојдневие среде пандемија

„Шведска и целиот свет се соочуваат со сериозна состојба предизвикана од коронарниот вирус. Гледаме потреба да се дејствува брзо ако ситуацијата тоа го бара, на крајот на краиштата станува збор за заштита на човечки животи“, изјави министерот за здравство Лена Халенгрен. Новите овластувања би биле за период од три месеци, а ова, иако е ограничено, сè уште ja загрижува опозицијата, коja се плашi од нарушување на демократијата. Предлог-законот треба да биде одобрен од парламентот. Во Шведска не е спроведена мерка за изолација на населението, како во другите европски земји.

XS
SM
MD
LG