Достапни линкови

СЗО повика на претпазливост при ублажување на мерките за изолација


Директорот за итни случаи на СЗО Мајк Рајан

Официјален претставник на Светската здравствена организација соопшти дека земјите што планираат да ги прекинат мерките за изолација на населението треба да го сторат тоа постепено, во фази, да не ги укинуваат сите ограничувања во исто време. Директорот за итни случаи на СЗО Мајк Рајан рече дека мерките за изолација воведени во многу земји вклучуваат затворање на училишта, работни места, собири на јавни места и паркови. „Веројатно би била лоша идејата да се укинат сите ограничувања во исто време“, изјави Рајан, додавајќи дека државите не треба да излегуваат од изолација без претходно да имаат план да го задржат ширењето на КОВИД-19 на контролирано ниво.

СЗО: Маските не се „сребрен куршум“ за да се стави крај на пандемијата

„Изолацијата го намалува ширењето на болестите. Кога ќе се укине изолацијата, мора да имате алтернативни методи за да ја запрете инфекцијата“, рече Рајан. Според него, државите треба да имаат воспоставен систем за откривање на заразни случаи, набљудување на контакти, карантин на сомнителни случаи и широко тестирање на населението.

XS
SM
MD
LG