Достапни линкови

СЗО: Маските не се „сребрен куршум“ за да се стави крај на пандемијата



Светската здравствена организација денеска предупреди дека само носење на маски нема да биде доволно за да се порази глобалната пандемија на коронавирус, во која досега смртноста изнесува над 70.000 луѓе.

„Маските треба да се користат само како дел од сеопфатниот пакет интервенции. Нема одговор кој е црно-бело и нема "сребрен куршум". Маските сами по себе не може да ја запрат пандемијата КОВИД-19“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус на виртуелната конференција за медиуми.

XS
SM
MD
LG