Достапни линкови

Со коронавирусот заразени над 1.250.000 луѓе, повеќе од 68.000 починати


илустрација

Повеќе од 1.250.000 луѓе ширум светот се заразени со новиот коронавирус, од кои повеќе од 68.000 починале. Според последните податоци, повеќе од 257.000 луѓе се излечиле од болеста ковид-19 предизвикана од новиот коронавирус. Овие податоци не ја претставуваат вистинската слика за застапеноста на инфекцијата, бидејќи многу земји ги тестираат само лицата кои имаат потреба од болничка нега. Од појавата на новиот вирус кон крајот на декември во Кина, инфекцијата е потврдена во 190 земји и територии.

Трамп:Тешки недели не очекуваат со пораст на бројот на починати

САД имаат најголем број луѓе дијагностицирани со болест ковид-19, близу 330.000, во Шпанија инфекцијата е потврдена кај повеќе од 130.000 лица, додека на третото место Италија, со нешто помалку од 129.000 заразени. Во Германија, нешто помалку од 99.000 се заразени, а скоро 90.000 се заразени во Франција. Најмногу починати, близу 15.900, има во Италија, каде што е регистрирана првата смрт од корона инфекција, кон крајот на февруари.

XS
SM
MD
LG