Достапни линкови

Шпанија ја надмина Италија по број на заразени со коронавирус


Илустрација - Медицински лица во болница во Шпанија, април 2020 година

Шпанија денеска ја надмина Италија по бројот на заразени со коронавирус, има 117.710, а само во еден ден починале 932. Вкупно смртни случаи во Шпанија досега има 10.935. Над 30.000 оздравеа. Во Италија бројот на заразени е 115.242, на починати 13.915, а на оздравени е 18.278.

Жртви на коронавирусот најчесто се постари лица, но многубројни случаи покажаа дека болеста може да ги погоди и децата со силен имунолошки систем. Таквите случаи ги вклучуваат и смртта на 13-годишни деца во Франција и Велика Британија, како и 12-годишничка во Белгија.

XS
SM
MD
LG