Достапни линкови

САД го потврдија пристигнувањето медицински материјал купен од Русија


медицински работници - Њујорк

Соединетите држави го потврдија пристигнувањето на авион со медицински материјал, кој бил купен од Русија. Ова било договорено во телефонски разговор помеѓу претседателите на две земји Доналд Трамп и Владимир Путин. Набавките, вклучително вентилатори и опрема за лична заштита потребни во борбата против пандемијата на коронавирус, и беа предадени вчера во Њујорк на американската Агенција за управување со вонредни состојби. „Ова е време да работиме заедно за да се надмине заедничкиот непријател кој им се заканува на животите на сите нас“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Морган Ортагус која не кажа колку Соединетите држави и платиле на Русија за опремата.

Коронавирусот уште една можност за Русија и Кина да шират дезинформации

Многу критичари на Москва предупредуваат дека Русија користи помош како дел од кампањата за дезинформации пропаганда за да сее страв во странство.

XS
SM
MD
LG