Достапни линкови

По првите двајца, сега нема заболен од КОВИД-19 во Центар Жупа


Центар Жупа, поглед

„Во општината Центар Жупа кадешто за прв пат во нашава земја беа регистрирани двата први случаи со коронавирус, до овој момент и покрај тоа што поминаа повеќе од 15 дена , нема ниту еден заболен од Ковид 19,“ изјави за РСЕ градоначалникот на Центар Жупа Арјан Ибраим. Тој додава дека во меѓувреме биле земени тестови на 13 соселани кои имале контакти со тие лица, но дека сите брисеви се негативни на КОВИД-19.

Првиот човек на оваа рурална општина истакнува дека над 75 насто од населението е на печалба во Италија и некои други земји на ЕУ, а првите двајца болни претходно биле во Италија.

Од локалната самоуправа во Центар Жупа претходно соопштија дека најпрво таму се појавил коронавирусот, а подоцна се проширил во Дебар. Првата почината жена од овој вирус е жена од Центар Жупа. Во Дебар до овој момент се регистрирани 47 болни, а починати се три лица, односно 4 заедно со починатата од Центар Жупа.

XS
SM
MD
LG