Достапни линкови

Гутереш: Пандемијата е најголемата криза од Втората светска војна


илустрација

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека светот се соочува со најголемата криза од Втората светска војна и оти пандемијата која ги загрозува луѓето во секоја земја ќе доведе до рецесија. Според него, комбинацијата на болеста и нејзиното влијание врз економијата ќе придонесе за „нестабилност, поголеми немири и конфликти“.

ОН: Милиони може да умрат ако не бидеме солидарни

Тој повика на посилен и поефикасен глобален одговор на пандемијата и нејзините социјални и економски последици, наведувајќи дека „човештвото е во прашање“. Гутереш најави формирање Фонд за одговор на пандемијата.

XS
SM
MD
LG