Достапни линкови

Функционери на ДУИ добија по 3 и пол години за „Титаник 3“


Илустрација. Архивска фотографија од едно од рочиштата за случајот Титаник 3

Три години и шест месеци затворска казна добија функционерите од ДУИ Ејуп Аљими и Исмет Гури, кои беа обвинети во предметот на сега поранешното специјално обвинителство „Титаник 3 “. Тие беа обвинети за изборни измами дека како членови на Општинска изборна комисија во Чаир за време на локалните избори во 2013 години, уништувале изборен материјал.

Судската постапка за овој предмет додека два пати беше вратена од почеток. Откако судијката Оља Ристова во март минатата година сама побара да биде изземена од предметот, Титаник 3 го презеде судијката Марија Клетничка. Застапници на обвинението беа обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

XS
SM
MD
LG