Достапни линкови

Бугарија обвини проруски политичар за лажни вести за коронавирусот


Костадин Костадинов

Лидерот на проруската Партија за преродба во Бугарија Костадин Костадинов е обвинет во Софија за ширење лажни информации за коронавирусот кои можат да предизвикаа паника. Костадинов потврди за „Радио Слободна Европа“ дека е обвинет. Обвинителите велат дека осомничениот погрешни ширел погрешни информации дека Бугарија нема доволно медицински ресурси за да ги задоволи потребите на хоспитализираните пациенти.

Бугарските пратеници го одобрија ветото на Радев

Костадинов и неговата партија за преродба бараат поблиски врски меѓу Софија и Москва и водеа кампања за оддалечување на Бугарија од Европската унија и НАТО. На последните парламентарни избори во Бугарија во 2017 година, Партијата за преродба доби нешто повеќе од 1 процент од гласовите.

XS
SM
MD
LG