Достапни линкови

Трамп ја продолжи препораката за останување дома за 30 дена


Претседателот на САД Доналд Трамп

Претседателот на САД Доналд Трамп го продолжи сојузното упатство со кое им препорачува на луѓето да останат дома уште 30 дена, односно до крајот на април, за да помогнат во спречувањето на ширењето на КОВИД-19, високо заразна респираторна болест што доведе до смрт на скоро 34.000 луѓе низ целиот свет. На брифингот во Вашингтон, Трамп рече дека највисоката стапка на смртност во САД од пандемијата „најверојатно ќе биде за две недели“. Во САД, според универзитетот Џон Хопкинс, повеќе од 140.000 луѓе се заразени со КОВИД-19, а бројот на починати од оваа болест е близу 2.500. „Многу е важно сите силно да ги следат упатствата“, рече Трамп за препораките само за напуштање дома кога е апсолутно неопходно, како на пример да се купат намирници или лекови.

САД со можни 200.000 починати од коронавирус?

Претходно во текот на денот, највисокиот владин експерт за заразни болести предупреди дека бројот на починати од коронавирусот во САД може да достигне 200.000.

XS
SM
MD
LG