Достапни линкови

Корона вирусот топ вест во сите медиуми

Луѓе стојат во обележани места во ресторан за брза храна во Лондон
1/16 Луѓе стојат во обележани места во ресторан за брза храна во Лондон
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Цвеќињата нацртани на подот на црквата Ваке во грузискиот главен град Тбилиси, им помагаат на посетителите да држат безбедно растојание.
2/16 Цвеќињата нацртани на подот на црквата Ваке во грузискиот главен град Тбилиси, им помагаат на посетителите да држат безбедно растојание.
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Собир на жени во иранската покраина Лорестан.
3/16 Собир на жени во иранската покраина Лорестан.
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Клиенти стојат во одредени места обележани на подот пред продавница за месо и намирници во Исламабад.
4/16 Клиенти стојат во одредени места обележани на подот пред продавница за месо и намирници во Исламабад.
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Во пакистанскиот град Карачи, линии нацртани со креда се користат за да ги држат луѓето на безбедно растојание. Пакистан ги затвори сите пазари и забрани големи собири за да нема ширење на коронавирусот.
5/16 Во пакистанскиот град Карачи, линии нацртани со креда се користат за да ги држат луѓето на безбедно растојание. Пакистан ги затвори сите пазари и забрани големи собири за да нема ширење на коронавирусот.
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Луѓе во индискиот град Џаландхар стојат на одредените места за да одржат социјална дистанца додека чекаат да купат зеленчук.
6/16 Луѓе во индискиот град Џаландхар стојат на одредените места за да одржат социјална дистанца додека чекаат да купат зеленчук.
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Луѓе чекаат на ред за храна во трговски центар во Бангкок, Тајланд
7/16 Луѓе чекаат на ред за храна во трговски центар во Бангкок, Тајланд
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Знаци кои помагаат во социјалното растојание меѓу купувачите кои чекаат на ред во самопослуга во Остин, Тексас.
8/16 Знаци кои помагаат во социјалното растојание меѓу купувачите кои чекаат на ред во самопослуга во Остин, Тексас.
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Њујорчани носат маски и одржуваат растојание во долга редица
9/16 Њујорчани носат маски и одржуваат растојание во долга редица
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Социјално дистанцирање во Хелс Кичен Парк во Њујорк
10/16 Социјално дистанцирање во Хелс Кичен Парк во Њујорк
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Знаци со креда на пазарот во Оукланд, Калифорнија, ги одржуваат луѓето на безбедно растојание.
11/16 Знаци со креда на пазарот во Оукланд, Калифорнија, ги одржуваат луѓето на безбедно растојание.
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Купувач стои на одредено безбедно место надвор во Сомервил, Масачусетс. Продавницата<br />
бара од клиентите да ги измијат рацете и им нуди можност да купуваат без да ги допираат производите.
12/16 Купувач стои на одредено безбедно место надвор во Сомервил, Масачусетс. Продавницата
бара од клиентите да ги измијат рацете и им нуди можност да купуваат без да ги допираат производите.
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Знак поставен во паркот Хјустон, ги потсетува луѓето да практикуваат социјално дистанцирање<br />
&nbsp;
13/16 Знак поставен во паркот Хјустон, ги потсетува луѓето да практикуваат социјално дистанцирање
 
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Медицински сестри во Лондон на безбедно растојание чекаат да донираат храна. Британскиот премиер Борис Џонсон донесе мерки со кои, меѓу другото, се забрануваат групи од повеќе од две лица.
14/16 Медицински сестри во Лондон на безбедно растојание чекаат да донираат храна. Британскиот премиер Борис Џонсон донесе мерки со кои, меѓу другото, се забрануваат групи од повеќе од две лица.
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Мерки за социјална оддалеченост во продавница на &bdquo;Теско&ldquo; во Лондон
15/16 Мерки за социјална оддалеченост во продавница на „Теско“ во Лондон
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Ред на влезот на еден супермаркет во Букурешт, Романија.<br />
&nbsp;
16/16 Ред на влезот на еден супермаркет во Букурешт, Романија.
 
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Previous slide
Next slide

Во сите медиуми продолжуваат да доминираат вестите за Ковид-19, за бројот на новозаболените во земјава и во целиот свет, почетоците на испитувањата за изнаоѓање ефикасна вакцина.

Порталот на Нова Македонија, а и другите портали на печатените медиуми четвртокот го бележат како „најсмртоносен ден од избивањето на пандемијата“. Се информира дека „бројот на заразени од корона вирусот во 202 земји и територии ширум светот во четвртокот надмина половина милион, при што САД ја надминаа Кина по првото место по бројот на најмногу регистрирани случаи“.

Од онлајн прес конференцијата на министерот за здравство, Венко Филипче во четвртокот, Вечер во наслов објавува: „Прогнозите за пикот на вирусот засега исти – крајот на април! Филипче најави детална анализа за тоа што нѐ очекува“. Слободен печат на насловната објави: „Трет починат пациент, мерките се заоструваат“, а Вечер регистрира: „107 прекршувања за време на полицискиот час во изминатите 24 часа“. Нова Македонија во наслов го објавува апелот на министерот Филипче до граѓаните: „Лекови на рецепт на товар на Фондот за здравство има доволно, не правете залихи во домовите“. Само некои портали ја забележаа информацијата што ја објави СЗО на својата официјална веб-страница: „Македонија се приклучи на 10-те земји во кои глобално се следи ефикасноста на терапијата за лекување од Ковид-19“.

Музички отпор против коронавирусот
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:34 0:00

Слободен печат го пренесе известувањето на Иницијативата за печатење медицинска опрема дека „голем дел од клиниките се обезбедени со заштитни маски испечатени на 3D принтери. Планот е да се изработат најмалку 6.000 заштитни маски со визири“.

Порталот Република го пренесува ФБ-статусот на првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски: „Каква е таа солидарност кога на стопанството му велите да се стрпи и кратите плати, а од друга страна вработувате нови партиски кадри“. И порталот Курир.мк со напад врз претседателот на СДСМ, веројатно заборавајќи дека уредбите на техничката Влада во вонредна состојба имаат сила на закон: „Заев излажа: Нема одложени кредити за сите граѓани, наместо генерален мораториум донесена само уредба“. Порталот СДК.МК информира дека „Банките ќе ве известат за одложување на ратите од кредитите, ако не одговорите се смета дека понудата е прифатена“. Порталот потсетува дека министерката за финансии на последната прес-конференција кажа дека ќе има мораториум од 3 месециза исплаќање на ратите. Слободен печат излезе со насловна: „Опозицијата не бира средства во очајничката борба за власт – ВМРО-ДПМНЕ контра СДСМ, Владата, државата...“ Нова Македонија објави колумна со наслов: „Вирусари од сите страни, обединете се!“ во која покрај другото се вели: „Зближувањето е лекот, а не кавгата меѓу партиите. Вашата меѓусебна нетрпеливост ќе биде уште еден вирус што ќе се рашири меѓу луѓето и што ќе ѝ донесе штета на државата“.

Луѓе во карантин низ фотографии

Вежби за физичка кондиција во Колумбија
1/8 Вежби за физичка кондиција во Колумбија
Милиони луѓе одеднаш го сменија секојдневието, откако владите им наредија да останат дома во обид да ја победат болеста. Главниот предизвик за многумина е едноставно да го задржат својот дух и покрај досадата и изолацијата.
Жена што учествува на час преку пилатес од дома во Никозија, Кипар
2/8 Жена што учествува на час преку пилатес од дома во Никозија, Кипар
Милиони луѓе одеднаш го сменија секојдневието, откако владите им наредија да останат дома во обид да ја победат болеста. Главниот предизвик за многумина е едноставно да го задржат својот дух и покрај досадата и изолацијата.
Човек на балкон во хотел во Атина каде што заедно со други лица е сместен во двонеделен карантин, откако грчката влада воведе национална забрана за движење да го спречи ширењето на коронавирусот.
3/8 Човек на балкон во хотел во Атина каде што заедно со други лица е сместен во двонеделен карантин, откако грчката влада воведе национална забрана за движење да го спречи ширењето на коронавирусот.
Милиони луѓе одеднаш го сменија секојдневието, откако владите им наредија да останат дома во обид да ја победат болеста. Главниот предизвик за многумина е едноставно да го задржат својот дух и покрај досадата и изолацијата.
На сликата е прикажан празен плоштадот Трафалгар во центарот на Лондон на 24 март 2020 година, откако Велика Британија нареди забрана за излегување за да се забави ширењето на новиот коронавирус.
4/8 На сликата е прикажан празен плоштадот Трафалгар во центарот на Лондон на 24 март 2020 година, откако Велика Британија нареди забрана за излегување за да се забави ширењето на новиот коронавирус.
Милиони луѓе одеднаш го сменија секојдневието, откако владите им наредија да останат дома во обид да ја победат болеста. Главниот предизвик за многумина е едноставно да го задржат својот дух и покрај досадата и изолацијата.
Карантин во Атина
5/8 Карантин во Атина
Милиони луѓе одеднаш го сменија секојдневието, откако владите им наредија да останат дома во обид да ја победат болеста. Главниот предизвик за многумина е едноставно да го задржат својот дух и покрај досадата и изолацијата.
Празен Карлов мост во Прага откако чешката влада воведе забрана за движење.
6/8 Празен Карлов мост во Прага откако чешката влада воведе забрана за движење.
Милиони луѓе одеднаш го сменија секојдневието, откако владите им наредија да останат дома во обид да ја победат болеста. Главниот предизвик за многумина е едноставно да го задржат својот дух и покрај досадата и изолацијата.
Велосипеди на изнајмување стојат на празен плоштад во Берлин, Германија
7/8 Велосипеди на изнајмување стојат на празен плоштад во Берлин, Германија
Милиони луѓе одеднаш го сменија секојдневието, откако владите им наредија да останат дома во обид да ја победат болеста. Главниот предизвик за многумина е едноставно да го задржат својот дух и покрај досадата и изолацијата.
Концерт на балкон, Тел Авив, Израел
8/8 Концерт на балкон, Тел Авив, Израел
Милиони луѓе одеднаш го сменија секојдневието, откако владите им наредија да останат дома во обид да ја победат болеста. Главниот предизвик за многумина е едноставно да го задржат својот дух и покрај досадата и изолацијата.
Previous slide
Next slide

Се чини поради доминацијата на вестите за короната, информацијата од Брисел дека европските лидери на онлајн самитот ја потврдија одлуката за отворање преговори со Скопје и Тирана, во електронските изданија на печатените медиуми и на порталите оди на второ место. Исто како и веста на американскиот специјализиран портал за одбранбени прашања Дефенс њуз: „Северна Македонија денеска и официјално се приклучува кон НАТО. Се очекува македонската амбасада во Вашингтон денеска да го достави до Стејт департментот ратификуваниот договор за членство во НАТО, со што земјата и официјално ќе стане 30-та членка на Алијансата“. „По ова“, додава Дефенс њуз, „се очекува да уследи и официјалната церемонија на кревање на знамето на земјата пред седиштето на НАТО во Брисел“. Авторот на воведната колумна во неделникот Фокус пишува: „Лично не верувам во чуда, но можеби опасноста на која во моментот сме изложени како луѓе, во комбинација со добрите вести од Брисел, може да ни дадат некоја нова енергија“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG