Достапни линкови

Ердоган: Турција ќе го надмине коронавирусот за 2 до 3 недели


Реџеп Таип Ердоган

Турција ќе ја надмине епидемијата со коронавирусот за две до три недели преку добри мерки, рече претседателот Реџеп Таип Ердоган, во момент кога Анкара го продолжи затворањето на сите училишта до 30 април. Бројот на смртни случаи во Турција од коронавирусот се зголеми за седум на 44 во вторникот и бројот на потврдени случаи се зголеми за 343 на 1.872.

Турција - Уапсени 410 лица за провокативни објави за пандемијата на социјалните мрежи

Во телевизиското обраќање до нацијата, Ердоган рече дека Турција е подготвена за секое сценарио и ги повика Турците да покажат трпеливост, разбирање и поддршка во процесот. „Ве чекаат светли денови, сè додека се придржуваме до предупредувањата и останеме претпазливи“, додаде тој.

XS
SM
MD
LG