Достапни линкови

Гутереш бара примирје насекаде во светот поради коронавирусот


Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш повика на итен прекин на огнот насекаде низ светот за поради пандемијата на коронавирусот. „Жестокоста со која напаѓа вирусот покажува дека е лудо да се војува“, рече Гутереш во краткото обраќање во седиштето на ООН, без да наведе ниту една земја.

Граѓанската војна во Сирија влезе во 10-та година

Експертите и дипломатите стравуваат дека вирусот ќе убие многу луѓе во земјите со војна, кои имаат посиромашни здравствени системи. „Дојде време да ги оставиме вооружените конфликти настрана и да ги насочиме нашите напори на вистинската борба на нашите животи. Спуштете го оружјето, замолчете ги пиштолите, прекинете ги воздушните напади“, побара Гутереш, велејќи дека е клучно да се воспостават хуманитарни коридори што ќе спасат животи.

XS
SM
MD
LG