Достапни линкови

Граѓанската војна во Сирија влезе во 10-та година


Сирија

Крвавата граѓанска војна во Сирија влегува во својата 10-та година, со тоа што владата на претседателот Башар ал Асад, се чини дека ја консолидира власта, поддржана од круцијалната воена и политичка поддршка од Русија и Иран.

Конфликтот започна кога Сиријците излегоа на улиците на 15 март 2011 година, во знак на протест против владата на Асад, која потоа започна брутална акција што доведе до војна во која загинаа повеќе од 370.000 луѓе и раселени милиони.

Шефот на ООН, Антонио Гутереш, напиша на Твитер дека „една деценија на борби не донесе ништо друго освен пропаст и беда“. Конфликтот понекогаш наликуваше на прокси-војна меѓу светските сили, при што Москва и Техеран го поддржуваат Асад, додека Соединетите Држави и Турција поддржуваа различни бунтовнички групи. Групата Исламска држава исто така влезе во судирот.

XS
SM
MD
LG