Достапни линкови

Граѓаните на Косово на балкони протестираа против политичката криза


протест во Приштина, 19.03.2020.

Луѓето ширум Косово излегоа на своите балкони, чукајќи на садови со апел до владејачките партии да се справат со коронавирусот и да стават крај на политичката криза што може да ја сруши владата во следната недела. Коалицискиот партнер во косовската влада предложи гласање недоверба на владата по разрешувањето на министерот за внатрешни работи околу спорот дали да прогласи вонредна состојба за да се запре ширењето на коронавирусот.

Курти: нема потреба од вонредна состојба на Косово

Иса Мустафа, лидерот на Демократската лига на Косово рече дека разрешувањето е кулминација на разликите меѓу коалиционите партнери за тоа дали треба да се укине тарифа од 100% за стоките произведени во Србија. Косово регистрираше над 20 лица со вирусот од минатиот петок кога беше пријавен првиот случај. Веќе ги затвори сите училишта, граници, летови, барови и ресторани. Само супермаркетите и аптеките остануваат отворени. Повеќето од луѓето со коронавирус доаѓаат од Италија или се поврзани со некој што се вратил од Италија.

XS
SM
MD
LG