Достапни линкови

Курти: нема потреба од вонредна состојба на Косово


Косовскиот премиер Албин Курти

Косовскиот премиер Албин Курти синоќа изјави дека нема потреба од воведување вонредна состојба на Косово, бидејќи институциите, како што рече, ги презеле сите неопходни мерки за да се спречи коронавирусот. Коментирајќи го барањето на косовскиот претседател Хашим Тачи за вонредна состојба, Курти рече дека властите ја одржуваат ситуацијата под контрола и дека е убеден оти нема потреба од тоа. „Имаме социјална и граѓанска дисциплина, поради што денес немаме повеќе од 20 заразени лица во Косово, само еден 77-годишник носи маска со кислород. Двајца од заразените беа пуштени на домашно лекување“, рече Курти.

Коалициониот партнер Иса Мустафа бара гласање за недоверба на косовската влада.

Говорејќи за разрешувањето на министерот за внатрешни работи и јавна администрација Агим Велиу од Демократскиот сојуз на Косово, Курти рече дека без никакви докази и извештаи од властите, тој изјавил дека бројот на заразени со вирус се зголемува час по час, а тоа е, како што оцени, неодговорно.

XS
SM
MD
LG