Достапни линкови

Нема нови случаи на коронавирус во Вухан, Кина, каде започна глобалната пандемија


коронавирус

Нема нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа во провинцијата Хубеи, Кина, вклучувајќи го и градот Вухан, каде за прв пат е откриен КОВИД-19, соопштија кинеските власти. Според нив, тоа било поради воведените невидени мерки во јануари, во обид да го спречат ширењето на вирусот, вклучително и суспендирањето на сите патувања во и надвор од сите градови во провинцијата Хубеи и спречување на 59 милиони луѓе во покраината да излезат од дома.

Може ли топлото време да го победи коронавирусот?

Извештајот за нула случаи е најсилна индикација дека сепак ваквите екстремни мерки можат да помогнат во борбата против вирусот, особено во момент кога случаите се зголемуваат на глобално ниво на повеќе од 217,000. Сепак во Кина во средата биле регистрирани 34 нови инфекции. Сите нови случаи биле луѓе кои се вратиле од патување во други земји.

XS
SM
MD
LG