Достапни линкови

Седум нови случаи, вкупно 42 заразени со корнавирусот во Македонија


Луѓе со маски поминуваат покрај амбулантно возило.

Уште седум новозаразени со коронавирус се потврдени вечерва, напиша министерот за здравство Венко Филипче на официјалниот Фејсбук профил. Со новопотврдените случаи, вкупната бројката на заразени со КОВИД-19 во земјата е 42 луѓе.

„Во рамките на процесот за ран скрининг на заболени од коронавирус кој започна во неколку општини, попладнево се направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни 8 кои пристигнаа преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Од 38 тестирани, позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје. Во текот на денешниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус. Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија“, напиша министерот на Фејсбук.

Тој додава дека се прават уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот. За резултатите од овие тестови ќе информираат утре.

Поради коронавирусот, попладнево претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба на територијата на целата земја во наредните 30 дена. .

XS
SM
MD
LG