Достапни линкови

Џафери – Со прогласувањето на вонредна состојба, надлежностите на Собранието преминуваат кај Владата


Претседателот на Собранието Талат Џафери ја одржа прес-конференцијата на отворено, пред Собранието

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека во секој момент очекува да го добие владиниот предлог за прогласување на вонредна состојба, по што ќе му го препрати на претседателот Стево Пендаровски за тој да ја прогласи вонредната состојба.

Собранието не може повторно да се состане зашто со одлуката за самораспуштање пратениците го вратиле мандатот кај граѓаните. Индиректна причина е забраната за масовни собори, рече тој.

„Единствен и заеднички став на експертите е дека Собранието, откако решило да го врати мандатот, нема право повторно да се состане“, рече Џафери.

Од прогласувањето на вонредна состојба, надлежностите на Собранието во смисла на законодавство преминуваат кај владата, рече Џафери.

Тој ја одржа прес-конференцијата на отворено, пред Собранието.

XS
SM
MD
LG