Достапни линкови

Кралот на Шпанија го потпиша Протоколот за членство на Македонија во НАТО


Кралот на Шпанија Фелипе Шести го потпиша ратификациониот инструмент. Во следните 72 часа ќе биде депониран во Стејт Департментот во Вашингтон, објави на официјалниот твитер профил Мисијата на Шпанија во НАТО.

„Изутринава Сенатот со масовно е-гласање (259 од 264 Сенатори) го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Веднаш потоа и Кралот Фелипе го потпиша. Во следните 72 часа ратификацискиот инструмент ќе биде депониран во Стејт департментот“, објави на официјалниот твитер профил Мисијата на Шпанија во НАТО.

XS
SM
MD
LG