Достапни линкови

Изборите одложени - можна вонредна или кризна состојба поради коронавирусот


Лидерите на политичките партии на средба во кабинетот кај претседателот Стево Пендаровски.

На денешната лидерска средба се донесе едногласна одлука изборите да биде одложени, а останува да се најде правната основа како тоа ќе се спроведе во услови кога се распушти Собранието. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не се согласиле дали е потребно воведување на вонредна или кризна состојба поради коронавирусот.

Едногласна одлука за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април донесоа политичките партии на лидерската средба во Вила Водно, чиј домаќин беше претседателот Стево Пендаровски како резултат на ситуацијата со коронавирусот во земјата и мерките кои се преземаат. Несогласување меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имало во однос на тоа дали е потребно прогласување на вонредна или кризна состојба на ниво на цела држава со цел да се спречи ширењето на кроонавирусот.

Избори на 12 април нема да има
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:53 0:00

Лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека прогласувањето на вонредна состојба е неопходно за да може побрзо и поефикасно да се донесат мерки кои се однесуваат на здравјето на граѓаните, но и економски мерки. Тој порача дека верува оти ќе ќе се прогласи вонредна состојба, бидејќи веќе болеста се шири и во главниот град.

„Вонредната состојба би било неодговорно ако не ја донесеме, а можеме да ја донесеме заради тоа што не знаеме кога поради враќањето на нашите граѓани од Италија, од Австрија, од Германија би се појавила во Делчево, во Охрид и било каде. Самата вонредна состојба дава навистина посериозна можност на одговорни политики, навремени и превентивни политики и сето она што треба да се случува“, порача Заев.

Заев порача дека техничката Влада може да функционира до изборите. За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски проблематично е прогласувањето на вонредна состојба и тој предложи најпрвин да се прогласи кризна состојба на 30 дена, па потоа да се размислува за другата опција.

„Она кое што е важно да се напомене е следново дека Уставот предвидува вонредна состојба, а не предвидува кризна состојба. Но она кое што е исто така значајно е што вонредна состојба практично не е регулирана со Закон, односно не е регулирана методологијата и одговорноста што би значело прогласување на вонредна состојба и кои би биле чекорите. Додека пак постои Закон за справување со кризи и тој во минатото беше аплициран односно кога беа се сеќавате оние поплави во Скопје и ширум Македонија тогаш се повикувавме на тој Закон“, рече Мицкоски.

Заев најави економски мерки, а Мицкоски му забележи зошто се доцни со нивно спроведување.

Бујар Османи од ДУИ чиј лидер Али Ахмети не присуствуваше на средбата не ја исклучи можноста од свикување на нова лидерска средба.

„Сметаме дека здравјето на граѓаните е најважно, за разлика од другите политички процеси. Така што, задоволството е што постигнавме конзензус на сите политички партии да се донесе одлука за одложување на изборите“, рече Османи.

За нов датум за избори на средбата не станало збор. На средбата присуствуваа и претставници на ДПА, лидерите на БЕСА, Алијансата за Албанците и Алтернатива, како и претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Оливер Спасовски.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG