Достапни линкови

Во сириската војна на секои 10 часа умира по едно дете


УНИЦЕФ ја повика јавноста и владите на државите да не ги оставаат на цедило децата во Сирија, земјата која девет години е опустошена од војна. Како што соопшти УНИЦЕФ, секои десет часа во Сирија, поради војната, едно дете го губи животот. Организацијата проценува дека 2,8 милиони момчиња и девојчиња не одат во училиште, од кои голем број никогаш не ни оделе, пренесоа светските новински агенции.

„Можеби хуманитарната помош не може да стави крај на војната, но може да им помогне на најслабите. Тоа е должност на човештвото“, изјави шефот на УНИЦЕФ Германија, Кристијан Шнајдер.

XS
SM
MD
LG