Достапни линкови

Вучиќ одлучува дали ќе се прогласи вонредна состојба во Србија


претседателот на Србија, Александар Вучиќ

Министерот за одбрана, Александар Вулин, синоќа побара од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да ги преземе сите неопходни мерки за заштита на населението, изјавувајќи дека министерството доставило проценка за ризиците и заканите за безбедноста на Србија и нејзините граѓани, за што се потребни итни мерки од неговата надлежност, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ денеска се очекува да одлучи дали во Србија ќе биде воведена вонредна состојба како форма на заштита на населението од коронавурусот или, наместо тоа, единиците на српската армија ќе бидат ангажирани во спроведувањето на потребните мерки.

„Се проценува дека понатамошното ширење на Ковид- 19 може значително да го загрози здравјето на пошироката популација, а со тоа да се загрози и нормалниот тек на животот во Република Србија, вклучително и функционирањето на нејзините институции, јавни услуги и економија“, изјави министерот за одбрана Вулин.

XS
SM
MD
LG