Достапни линкови

„Рекет“ - Боки-13 докажува како купувал облека, Јанева ќе предлага сведоци


Бојан Јовановски - Боки 13 во судница за случајот „Рекет“

Судењето за предметот “Рекет” денеска продолжи со презентирање докази од одбраната, односно адвокатот Саша Дукоски и обвинетиот Бојан Јовановски презентираат фотографии од гардероба на обвинетиот Бојан Јовановски за да докажат дека поголемиот дел е купена пред 2019 година, наспроти тврдењето на обвинителката Вилма Русковска дека „ја купил со пари од рекетот“. Станува збор за седум вреќи запленета гардероба.

На денешното рочиште обвинетата Катица Јанева исто така треба да предложи сведоци. Во судница, како сведоци предложени од обвинителката Вилма Русковска, веќе сведочеа тројца обвинители од тимот на Јанева. Односно обвинителите Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми. Остануваат обвинителите Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Љубомир Лапе, Трајче Пеливанов, Ленче Ристоска, Стевче Донев и Артан Ајро, кои најверојатно се на листата на Јанева.

XS
SM
MD
LG