Достапни линкови

Чулев: Натпреварот Македонија - Косово може да се игра со публика


Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев оценува дека натпреварот на македонската фудбалска репрезентација со косовската, иако е од голем безбедносен ризик, може да се игра со публика. Дали натпреварот ќе се игра без публика поради потенцијална опасност од корона вирусот тој вели дека ќе одлучи Управувачкиот комитет предводен од министерот за здравство.

„Не гледам причина да биде фудбалскиот дуел без публика. Во постојан контакт сме со навивачките групи, разговараме превентивно. Направиме план на ниво на МВР кој е план за Европско првенство 2020 и преземеме мерки и активности натпреварот да биде одржан во најдобри услови од безбедносна гледна точка“, рече Чулев.

Одлуката да се игра без публика поради можна опасност од коронавирусот, потенцира тој, не ја носи Министерството за внатрешни работи, туку Владата.

„Во моментов немаме никакви индикации дека е потребно одложување на фудбалскиот натпревар Македонија – Косово“, рече Чулев.

Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, пак, истакна дека се во координација со косовските колеги во пресрет на фудбалскиот дуел Македонија-Косово.

Македонија и Косово на 26 март во Скопје играат бараж натпревар во полуфиналето од Лигата на нации во обидот да се изборат за пласман на Европското првенство кое треба да се одржи налето.

XS
SM
MD
LG