Достапни линкови

Замрзнати сметките на рускиот опозиционер Навални


Архивска фотографија- рускиот опозициски политичар Алексеј Навални

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални рече дека се замрзнати неговите финансии, како и финансиите на неговата сопруга, дете, родителите и на шефот на неговата Антикорупциска фондација. Тој вели дека за ваквиот потег нема објаснување туку дека е за да го дискредитира и да го посрамотат.

Критичарот на Кремљ денеска на својата интернет страница напиша дека се блокирани банкарските сметки и платежните картички на неговото семејство и на семејството на шефот на фондацијата Иван Жданов. Истовремено Навални наведува дека добил информација оти милијардерот Олег Дерипаска, кој има силни врски со руското државно раководство, го тужи од непознати причини.

Опозиционерот го обвинува рускиот претседател Владимир Путин дека ја оркестрирал ситуацијата наведувајќи дека преку замрзнувањето на сметките, Кремљ се обидува да ги спречи активностите на неговата Антикорупциска фондација.

XS
SM
MD
LG