Достапни линкови

И московскиот суд потврди - Организацијата на Навални е „странски агент“


Рускиот опозициски политичар и блогер Алексеј Навални

Судот во Москва ја потврди одлуката на Министерството за правда со која организацијата „Фондација за антикорупција“ на рускиот опозициски политичар и блогер Алексеј Навални се прогласува за „странски агент“.

Судот ја отфрли жалбата на Навални за одлуката на Министерството. Министерството за правда вели дека донеле таква одлука за прогласување на „странски агент“ оти организацијата на Навални примала пари од американски компании и шпански државјанин.

Законот е донесен во 2012 и според него организациите кои добиваат пари од странство мора да бидат регистрирани како странски државјани.

Навални вели дека власта се плаши од неговата организација оти открива докази за корупција.

XS
SM
MD
LG