Достапни линкови

Милошоски објави “бомба“ за З.З. на расправата за законот за ЈО


Архивска фотографија- Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски денеска на собраниската расправа во Комисијата за европски прашања, на која се разгледуваше предлог законот за Јавно обвинителство, пушти аудио снимка на која, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, „по се изгледа може да се препознае гласот на екс премиерот Зоран Заев“.

Милошоски објави “бомба“ за З.З. во врска со случајот „Рекет“
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:27 0:00
Директен линк


Милошоски го прочита транскриптот на снимката во кој вели дека лице со иницијали З.З. зборува за финансирањето на телевизијата 1ТВ на Бојан Јовановски-Боки 13.

З.З. „Го прашав Боки бе од каде бе тие парите за телевизијата? Ми вика: имав еден фраер од Хрватска и од Циле, (Силјан Мицевски) што му легнаа пари тогаш за старечките домови, ако знаеш.

З.З. Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата, главно за маркетинг, тоа беше уште порано лани октомври-ноември 2018-та година”, го прочита Милошоски транскриптот од како што рече лицето З.З.

Јовановски заедно со поранешната специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е првоосомничен во случајот „Рекет“ за изнуда на пари од бизнисменот Јордан Камчев, осомничен во случајот на СЈО „Империја“.

Судската постапка за случајот тече паралелно со обидите на власта да го донесе Законот за ЈО, за кој опозицијата тврди дека има скриена амнестија за да се спасат Заев и неговите соработници од можни кривични дела во иднина.

„Сметам дека транскриптот и аудио материјалот фрлаат една мала светлина на тоа кој навистина сака скриена амнестија и зошто некој предлага какви било криминали во кои има индиции за висока корупција и организиран криминал, да може да важат до вчера, а не денес или утре“, рече Милошоски.

Во предлог законот се предвидува незаконски прислушуваните разговори да не да бидат основа за обвинение, освен во предметите поднесени до надлежен суд до 30 јуни 2017 година, како што предвидуваше законот за СЈО. За предметите потоа тие може да бидат само индиции.

Инаку предлог законот денеска помина во матичната собраниска Комисија за европски прашања.

XS
SM
MD
LG