Достапни линкови

Турција очекува Русија веднаш да сопре со акцијата во Сирија


Архивска фотографија- турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу

Анкара очекува од Москва веднаш да прекинат нападите од сириските владини сили кои Русија ги поддржува во северозападниот регион Идлиб, рече денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу. Тој зборувајќи пред новинарите во азербејџанскиот главен град Баку, рече дека Турција треба да работи со Русија на решавање на проблемите во Идлиб, последното упориште на бунтовниците во Сирија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе ги истисне сириските владини сили во Идлиб освен ако тие не се повлечат од регионот до крајот на месецот. Во нивниот напад на трети февруари загинаа осум турски војници. Чавушоглу, пак, рече дека руска делегација ќе дојде во Турција за да разговараат за Идлиб, а доколку е потребно може да се сретнат и Ердоган и Путин.

Во меѓувреме руското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека руски и турски воени лица се убиени од милитантите кои извршиле повеќе од 1000 напади во последните две недели од јануари.

Турција и Русија, кои поддржуваат спротивни страни во Сирија, се согласија да работат на намалување на борбите во Идлиб и да создадат демилитаризирана зона. Како и да е, силите на сириската влада поддржани од Русија, преземаа офанзива во Идлиб последниве недели што доведе до несогласувања меѓу Анкара и Москва.

XS
SM
MD
LG