Достапни линкови

Најмалку десет цивили загинале во воздушни напади во Сирија


Сириските владини сили во Идлиб

Во руски воздушни напади во сириската провинција Идлиб, последното упориште на опозицијата, загинале најмалку десет цивили, тврдат активистите. Москва, пак, веднаш ги отфрли ваквите наводи.

Сириската опсерваторија за човекови права и Сириската граѓанска одбрана денеска соопштија дека болница и пекарница биле погодени во ноќниот напад во градот Ариха. Според двете организации меѓу загинатите има жени и деца. Руското министерство за одбрана веднаш демантираше наведувајќи дека руски летала не извршувале никаква задача во таа област.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган вчера предупреди дека го губат трпението поради воениот напад во Идлиб. Тој ја обвини Русија дека не ги почитува договорите со кои треба да се заврши насилството таму.

Турција и Русија, кои поддржуваат спротивни страни во Сирија, се согласија да работат на намалување на борбите во Идлиб и да создадат демилитаризирана зона. Како и да е, силите на сириската влада поддржани од Русија, преземаа офанзива во Идлиб последниве недели.

XS
SM
MD
LG