Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за распуштање на Собранието на 12-ти февруари


Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски потврди дека неговата партија поднесе иницијатива за распуштање на Собранието на 12 ти февруари.

Денеска иницијативата е доставена до претседателот на Собранието Талат Џафери.

Мицкоски ова го кажа пред новинарите по средба во Стопанската комора, и ги повика сите партии да дадат поддршка за распуштање на Собранието на 12 февруари. Тој посочи дека "некој сака да го одложи расуштањето на Собранието за да може да протурка уште неколку тендери и плаќања додека е функционална техничката Влада".

" Ним не им е битна содржината и квалитетот на предлог законот за јавно обвинителство, туку сакаат да го одложат распуштањето на Собранието, бидејќи со неговото распуштење завршуваат ингеренциите на техничката Влада. До моментот на распуштањето целта им е да се заврши уште некој тендер и да се исплати уште некоја фактура." рече Мицкоски.

Според него, квалитетен закон за јавно обвинителство можат да направат само луѓето кои, како што рече, го посветиле животот на тоа, а тоа, додаде, се експертите кои ги предложило ВМРО-ДПМНЕ.

Министерство за правда: законот за ЈО го подготвуваа домашни и странски експерти

Инаку деновиве откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференција предложи законот за ЈО да дојде од експертите и професорите од Правен факултет, Министерството за правда информираше дека законот за Jавно обвинителство се изготвувал долг временски период од работна група во која што учествуваале домашни експерти, научната јавност, јавни обвинители, но исто така и странски експерти и странски јавни обвинители.

Заев не ја исклучи можноста за одложување на изборите

Пред неколку дена на прашање на новинарите дали е можно одложување на изборите доколку не се донесе Законот за јавно обвинителство, премиерот Зоран Заев рече не, но истакна дека е многу важно договреното да се изгласа во Парламентот.

„Кога ќе се гласа во Парламентот може да се донесе или да не се донесе. Друга опција нема, но на 12 февруари треба да се распушти. Ако се обидува опозицијата да го минира, да го блокира или на кој било начин неговото донесување, односно гласање, тогаш нормално дека Парламентот нема да се распушти се додека не заврши процесот на изјаснување за Законот за јавно обвинителство, како и за протоколот за НАТО или Законот за одбраната или сличните закони“, рече Заев.

XS
SM
MD
LG