Достапни линкови

Фон дер Лајен: добра порака за Северна Македонија и Албанија


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

Целта на Европската унија останува проширувањето со шесте балкански држави- Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Босна рече новиот еврокомесар за проширување Оливер Вархеји на денешната прес конференција во Брисел на која беше објавена новата методологија за пристапните преговори.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, пак, нагласи дека предлогот е „добра порака“ за Северна Македонија и Албанија, двете разочарани земји од немањето одлука за почеток на преговорите во октомври.

Светските агенции наведуваат дека со новите правила кои се подготвени по барање на официјален Париз се прави потешко понатамошното одложување на почетокот на преговорите кога кандидатките ќе ги исполнат условите.

Меѓудругото со новата методологија која ја презентираше Европската комисија се овозможува запирање или враќање во пристапните преговори во случаи кога земјите кандидати не напредуваат во кое било поле кое е опфатено во пристапниот процес. Државите членки на ЕУ ќе имаат поголема моќ да иницираат суспензија на пристапните преговори.

XS
SM
MD
LG