Достапни линкови

Синдикат на градежници- да се проверат работниците од Кина за коронавирус


Илустрација- тест за коронавирус

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) апелира да се преземат соодветни превентивни мерки за да се спречи евентуална појава на коронавирусот согласно препораките на Светската здравствена организација, со оглед на тоа што има постојано има заминување и доаѓање на кинеските работници од кинеската компанија „Синохидро“ во државава.

„Kинеската компанија „Синохидро“ врши дејност на повеќе локации со вработени од Република Кина, кои редовно транзитираат на релација Кина – Македонија. Ве повикуваме како одговорни за нашите работници и граѓани со своите надлежни органи и тела да преземете соодветни мерки и активности за спречување на ширење на вирусот на нашата територија“, наведуваат од синдикатот.

Инаку Светската здравствена организација вчера оцени дека епидемијата од новиот коронавирус, кој се појави во Кина, засега не претставува пандемија, израз кој означува ситуација на светско ширење на некоја болест.

Според последниот биланс над 490 луѓе починале и околу 24.000 се заразени од коронавирусот во Кина, а во светот досега се забележани над 175 случаи на заразени.

XS
SM
MD
LG