Достапни линкови

Во Кина над 490 починати од коронавирусот


Над 490 починати и околу 24.000 заразени од коронавирусот во Кина, е последниот биланс што го соопштија кинеските власти. Сите нови смртни случаи биле пријавени во провинцијата Хубеи каде што се појави овој смртоносен вирус. Ова е најголема смртност за еден ден откако избувна заразата во декември минатата година. Милиони Кинези имаат забрана да ги напуштат нивните домови во целата провинција Хубеи. Во светот, пак, досега се забележани над 175 случаи на заразени со коронавирусот.

XS
SM
MD
LG