Достапни линкови

Европската народна партија ја продолжи суспензијата на унгарски Фидес


Виктор Орбан

Европската народна партија реши да ја продолжи суспензијата на унгарската владејачка партија Фидес на неодредено време. Оваа партија беше исклучена од најголемата групација во Европскиот парламент во март минатата година поради застој на демократијата во таа земја и нападите врз Европската комисија. Суспензијата значи дека партијата на премиерот Виктор Орбан не може да учествува и да гласа на собирите на Европската народна партија.

XS
SM
MD
LG