Достапни линкови

Силен земјотрес меѓу Куба и Јамајка


Главниот град на Јамајка, Кингстон

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени ги погоди карипските острови Јамајка и Куба.

Американскиот геолошки преглед соопшти дека епицентарот на силниот земјотрес е на 139 километри северозападно од Јамајка и на 140 километри јужно од Куба, на длабочина од 10 километри, што се смета за релативно плитко.

Нема непосредни извештаи за штети или повредени.

Земјотресот се почувствувал и на Кајманските острови.

Центарот во Хаваи за предупредување од цунами соопшти дека врз основа на прелиминарните податоци, опасни цунами бранови се можни на бреговите лоцирани и на 300 километри од епицентарот на земјотресот.

XS
SM
MD
LG