Достапни линкови

Петровска реагира на изјавата на Чулев за вработувањата во МВР


Зградата на Министерството за внатрешни работи

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска реагираше на прес-конференцијата на министерот Наќе Чулев, на која тој кажа дека неговиот претходник на позицијата министер, актуелниот премиер Оливер Спасовски, пред да замине од МВР издал огромен број решенија за унапредувања, но и за распределувања на пониски работни места без да се водат дисциплински постапки за тоа.

Петровска вели дека при спроведување на реформи во министерството, со одвојување на доскорешната УБК од МВР и формирање на новата Агенција за национална безбедност, околу 270 вработени не биле селектирани во новата Агенција, но тие согласно закон остануваат како вработени во Министерството за внатрешни работи. Таа вели дека процесот на нивно распоредување бил започнат и повеќе од 50 проценти биле распоредени во соодветна законска постапка.

Петровска вели дека останатите решенијата за вработување во МВР се согласно потребите на службата и новиот правилник за систематизација на работни места и истите се издадени во законска постапка.

Во однос на распоредувањата во пониски звања без дисциплинска постапка, Петровска не ги коментира обвинувањата на Чулев, туку го прашува зошто тој распределува вработени на несоодветни работни места на нивното образование.

XS
SM
MD
LG