Достапни линкови

Чулев: Спасовски изработил огромен број решенија пред да замине од МВР


Скопје- Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, 28.01.2020

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на прес-конференција рече дека неговиот претходник на позицијата министер, актуелниот премиер Оливер Спасовски, пред да замине од МВР издал огромен број решенија за унапредувања, но и за распределувања на пониски работни места без да се водат дисциплински постапки за тоа.

Тој прецизираше дека од почетокот на декември до 25 – ти истиот месец во 2019 година донесени се 1.050 решенија, додека во последната седмица донесени се и изработени 1.198 решенија, некои за распоредување на пониски работни места, други за унапредување. Чулев рече дека формирале и комисија која ја разгледувала состојбата во периодот од 1 декември 2019 година заклучно со 3 јануари 2020 година, при што биле прегледани 1.750 решенија, а дека е констатирано дека во повеќе од 100 предмети се забележани отстапувања.

Било утврдено и дека постојат поголем број решенија изготвени во периодот кога работниците биле отсутни од своите работни места, биле на боледување, платено или неплатено отсуство.

„Цели четири милиони евра минатата година се одлеале од касата на МВР како резултат на судски постапки кои вработени ги воделе против МВР, најчесто поради неисплатени прекуивремени часови, бонус плати, незкоански прераспоредувања и незаконски откази“, изјави Чулев.

Тој информира и дека се изготвени решенија за распоредување во МВР на 130 лица од претходната УБК, кои не биле преземени од Агенцијата за национална безбедност, а примале плата на работно место во непостоечки правен субјект УБК.

XS
SM
MD
LG