Достапни линкови

Вархеји побарал од Европскиот парламент 28 милиони евра за Албанија


Албанија- Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји и албанскиот премиер Еди Рама

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска престојува во прва посета на Албанија откако стапи на должноста. По средбата со премиерот Еди Рама, тој на заедничката прес конференција, рече дека се надева дека одлука за преговорите со Скопје и Тирана ќе биде донесена пред самитот во Загреб кој треба да се одржи во мај.

Вархеји додаде дека ценејќи ја работата на Албанија побарал помош за земјата од 28 милиони евра. Вчера во Скопје, пак, еврокомесарот најави дека побарал од Европскиот парламент како награда за постигнатото на Северна Македонија да и се обезбедат фондови во износ од 50 милиони евра. Ова е прва официјална посета на Вархеји на регионот откако тој беше именувам за еврокомесар за проширување.

XS
SM
MD
LG