Достапни линкови

Еден загинат и еден повреден во пукање во суд во Сибир


Русија- судската канцеларија по пукањето, 16.01.2020

Еден маж загина, а една жена е повредена при пукање во судска канцеларија во сибирскиот град Новокузнетск, соопштија локалните власти од рускиот регион Кемерово. Антон Дужник, портпарол на медицинскиот центар, денеска рече дека посетител во судот пукал и го убил судскиот службеник, а повредил жена која што најверојатно е адвокат. Состојбата на жената, според лекарите е сериозна. Локалните власти наведоа и дека напаѓачот е 45 годишен маж, а засега неговиот идентитет е непознат. Не се јасни ниту пак мотивите за пукањето.

XS
SM
MD
LG