Достапни линкови

Министрите предложени од ВМРО-ДПМНЕ ветуваат борба против партизираност, криминал и корупција


Новата техничка влада на РСМ

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски изјави дека со нивниот влез во институциите ќе направат сè за да биде почитувана волјата на граѓаните за слободни избори.

„Ние како техничка влада не можеме да направиме чуда и не можеме да ја смениме состојбата со партизирана администрација. Но, ќе бидеме гласни против криминалот и корупцијата и нема да дозволиме никаков притисок врз гласачите. Иако знаеме дека оваа власт остави партизиран систем во кој владее непотизам наспроти професионализам, деновиве има над 1.000 решенија на партиски кадри во МВР, со што се деградирани професионалците“, рече Трипуновски.

Наќе Чулев, новиот технички министер во МВР, најави дека ќе изврши увид во состојбите во министерството и ќе ја информира јавноста доколку имало издадено незаконски решенија за вработување.

„Мој приоритет во наредниот период ќе биде организирање мирни, фер и демократски избори. За таа цел ќе бидат презмени широк спектар активности за превенирање евентуални обиди на криминални, насилни и други структури за нарушување на изборниот процес“, изјави Чулев.

Дополнителната заменик-министерка Гордана Димитриеска-Кочоска додаде дека нема да потпише ништо што би значело поткуп на гласачи.

„Се што ќе биде за поткуп на изборни цели, ќе биде стопирано. Ќе работиме само во рамки и согласно законот, ништо надвор од тоа“, рече Димитриеска-Кочоска.

XS
SM
MD
LG