Достапни линкови

Американските конгресмени поделени за убиството на Солејмани


Архивска фотографија- Елиот Енгел од Демократската партија, претседателот на Комисијата за надворешна политика на Конгресот

Претставниците на Демократската партија во Соединетите Американски Држави велат дека конгресмените не биле претходно информирани за американскиот напад на меѓународниот аеродром во Багдад во кој загина моќниот командант на иранската Револуционерна гарда генерал Касем Солејмани. Републиканските конгресмени во меѓувреме изгледа како да го поддржуваат и го поздравуваат потегот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Елиот Енгел од Демократската партија, кој е и претседателот на Комисијата за надворешна политика на Конгресот, рече дека нападот во Багдад врз иранскиот генерал се случил без известување и консултации со Конгресот. Солејмани, кој беше командант на силите на Револуционерната гарда, беше главниот планер на огромното насилство, рече Елиот. Но тој од друга страна додаде дека за да се оди со вакви акции без консултации со Конгресот значи дека се отвораат правни проблеми и се навреда за Конгресот како дел од власта.

Републиканците, пак, изразуваат поддршка. Сенаторот Линдзи Грахам на Твитер му се заблагодари на претседателот Трамп. Белата куќа вообичаено ги известува повисоки членови на Конгресот и сенатот од двете партии за важните воени акции. Влијателниот ирански командант беше убиен во американски напад во меѓународниот аеродром во Багдад, а тоа го потврдија и Иран и Соединетите држави.

XS
SM
MD
LG