Достапни линкови

Собрание- по седум часа усвоен дневниот ред


Архивска фотографија- собраниска седница

По речиси седум часа, Собранието вечерва го усвои дневниот ред од 126. седница која, според последното ажурирање, има 125 точки. Расправата почна со Предлог-декларацијата за правото на политичко учество на граѓаните со попреченост, поднесена од група пратеници. Пред пратениците се уште 124 предлог-законски решенија од кои некои треба да се донесат по скратена постапка. Претходно пратениците не успеаја да се усогласат за дневниот ред.Во почетокот на седницата беа образложени предлог-законите кои треба да се донесат по скратена постапка, а потоа претседателот на Собранието Талат Џафери ги прочита сите предлог-закони предвидени за дискусија. Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ пред усвојувањето на дневниот ред побара како втора точка да се стави Информацијата за енормното загадување на воздухот во земјава, поднесено од неговата пратеничка група. Иако беше ставен на гласање, овој предлог не помина. Оценка на ВМРО-ДПМНЕ е дека владејачкото мнозинство сака на само една седница да сработи нешто што не успеало во претходните две години од мандатот.

XS
SM
MD
LG