Достапни линкови

Одблокирана сметката на Киргистанскиот сервис на РСЕ, но тужбата останува


Судот во Бишкек го прифати предлогот за одмрзнување на банкарските сметки на Киргистанскиот сервис на Радио Слободна Европа, локално познат под името Азатик, на еден нивни дописник и на киргистанскиот информативен портал Клуп.

Претходно Судот им ги замрзна сметките по нивното заедничко новинарско истражување за широко распространетата корупција во царинската служба во земјата и масовниот одлив на готовина.

Влијателно киргистанско семејство, кое е во центарот на наводите за корупција поднесе тужби против медиумите, обвинувајќи ги за клевета. Семејството Матраимов денеска побара Судот да им ги одблокира сметките на медиумите и новинарите, но остануваат на ставот дека ќе ги тужат.

Минатиот месец киргистанското обвинителство отвори истрага за да ги потврди наводите што ги објавија медиумите.

XS
SM
MD
LG