Достапни линкови

СДСМ: Што финансирале фирми на Орце Камчев за ВМРО ДПМНЕ?


"Портпаролот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски денеска конечно призна дека неговата ВМРО-ДПНЕ има незаконски долг од 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска" се наведува во соопштението на СДСМ.

До реакцијата доаѓа откако претходно претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски се осврна на долгот на партијата кон фирма за печатење маици

"Немаме дупка од 400.000 евра во финансискиот извештај за претседателските избори туку имаме обврска кон фирма која ќе ја исполниме", рече Мицкоски.

Тој на прес-конференцијата попладнево објаснуваше дека со тоа што сметката е затворена со негативно салдо не е прекршен Изборниот законик.

Од СДСМ пак посочуваат дека сметката е затворена а незаконскиот долг од 400.000 евра не може да се врати од друга сметка.

"Скандалот, најновата афера во ВМРО ДПМНЕ мора да се расчити, особено што е поврзан и со фирми на Орце Камчев, осомничен во предмети на СЈО. Сега, Мицкоски треба да се охрабри и да одговори што финансирале фирми на Орце Камчев за ВМРО ДПМНЕ? " велат од СДСМ

XS
SM
MD
LG