Достапни линкови

Околу 14 илјади кандидати за ирански пратеници


Околу 14 илјади луѓе сакаат да се кандидираат за парламентарните избори во Иран закажани за 2020 година, јавуваат иранските медиуми. Бројот на пријавени кандидати е за 15 проценти поголем од тој во 2016 година.Надлежната институција ќе треба да ги прегледа кандидатурите на идните кандидати за пратеници кои треба да пополнат 290 пратенички места во 207 избирачки единици. Изборите на 21 февруари ќе ја покажат и довербата на граѓаните во претседателот Хасан Рухани и неговите политички партнери.

XS
SM
MD
LG