Достапни линкови

Грин: Иднината на земјата е во ЕУ и НАТО


Марк Грин администратор на УСАИД

Ние мислиме дека иднината на оваа земја лежи во Западот, во градењето на силни односи во Европа и да имате уште посилни врски со САД, вели во разговор за РСЕ, Марк Грин, администратор на УСАИД. Според него, организацијата сака да работи со Владата во развој на капацитетите на земјата и во постигнување на самоодржливост.

Господине Грин што точно значи самоодржливост?

Самоодржливост значи да имате капацитет, и финансиски и перспектива за техничка експертиза да може да ги водите и да ги адресирате потребите на луѓето. За нас патот до самоодржливост е токму тоа - пат. Не велиме дека секоја земја пристигнала, туку дека сите се движиме во истиот правец. Го градиме капацитетот за да го обезбедиме сопствениот народ. Така што суштината на она што ние го правиме во УСАИД е да им помогнеме на нашите пријатели на тој пат. На почетокот најчесто се обезбедува финансиска помош, а подоцна е техничка експертиза и знаење и евентуално она на што се надеваме е да се изнајдат начин за приватниот сектор да го предводи напредокот. Тоа е долго патување со кое се соочува секоја земја и ние се обидуваме да одиме заедно со тие земји кои се заинтересирани за вистински реформи и навистина сакаат да стигнат до самоодржливост и притоа да чекориме со нив по пат.

Грин: Да создадеме можност младите да останат во земјата
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:29 0:00

Дали земјава е подготвена и може да биде самоодржлива?

Мислам дека тоа е целта на Владата. Мислам дека Владата многу сака да креира можности за младите луѓе, да креира граѓанска одговорност и отворено владеење и бидејќи е посветена на реформите, мислам дека секако е цел која треба да тежи кон она што ние го правиме во САД. Но, ние нема никогаш да кажеме нашата работа е завршена, сѐ е совршено. Тоа е насоката која што ја туркаме. Секогаш бараме начини за подобрување. Секогаш бараме начини за креирање на нови можности, посебно за младите луѓе, бидејќи очигледно тие се оние кои ќе ја димензионираат иднината.

Но, младите според статистиката на меѓународните организации ја напуштаа земјава во потрага по подобра иднина?

Се надеваме дека ќе ѝ помогнеме на Владата да создаде можности тука во иднина. Очигледно е дека младите имаат големи соништа и секогаш ќе одат онаму каде што мислат дека може да ги остварат тие соништа. Тука гледам многу талент во младите луѓе и големи соништа на младите луѓе. Така што ние би сакале да се обидеме да најдеме начини да создадеме можности. Така што таа експертиза, тие соништа и тие искуства да може да останат тука и да бидат дел од градењето на иднината на земјава. Приватниот сектор создава можности кои може добро да се прилагодат на целите на Владата. Знаме дека Владата многу сака да создаде можности за вработување на млади луѓе. Исто така знаеме дека приватниот сектор е единствениот кој на долг рок создава одржливи можности за младите луѓе. Така што, ја имате владата и приватниот сектор, кои се залагаат за истите цели, кога може да работат заедно, кога може да ги надминуваат тие пречки кои можеби ги забавуваат инвестициите. Тоа е во интерес на сите.

Најголемите критики од ЕУ се корупцијата и владеење на правото. Колку тоа може да биде пречка во остварување на самоодржливост?

Она што можам да го кажам е дека Владата и самата зборува за создавање на поголема отвореност во управувањето и се обидува да изнајде начини да создаде поголема предвидливост, што е е начинот на кој ќе го привлечете бизнисот и тоа е начинот како ќе ги држите владата и граѓаните одговорни и во центарот. Така што ние со нетрпение очекуваме, заедно со лидерите во оваа земја, да постигнеме поголема отвореност, поголема транспарентност и да се справиме со предизвиците кои ќе ги идентификуваат луѓето.

На премиерот Зоран Заев му предадовте копија од резолуцијата на Сентатот за ратификацијата на протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Која е улогата на УСАИД и како може да помогне организацијата во наредниот период за евроатланската интеграција на земјава?

Најпрвин, тоа е утврдена цел на оваа земја и на сите политички партии да се движите кон евроатлантска интеграција. Ние се согласуваме со тоа. Ние мислиме дека иднината на оваа земја лежи во Западот, во градењето на силни односи во Европа и да имате уште посилни врски со САД. Тие веќе се многу добри. Така што ние сме многу заинтересирани да работиме со Владата во развој на капацитетите и сѐ што е потребно за да може да стигнете до ЕУ. Се разбира да станете полноправна членка на НАТО. Да станете 30 членка на НАТО. Така што со нетрпение очекуваме да работиме со Владата на каков било начин да помогнеме на тој пат.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG